Утрински Весник
Економија

Цени на производителите на индустриски производи пониски за 1,4 отсто на месечно, повисоки за 0,3 отсто на годишно ниво

Раст на прометот на индустријата на годишно ниво
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 11 мај 2020 (МИА) – Продажните цени на производителите на индустриски производи во март се пониски за 1,4 отсто на месечно ниво, а се повисоки за 0,3 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.

Во март 2020, во споредба со февруари 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 5,3 отсто, во секторот Преработувачка индустрија за еден отсто и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1,3 отсто.

Во март 2020, во споредба со март 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, се пониски во секторот Рударство и вадење камен за 12 отсто и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 6,8 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 1,8 отсто.

Според објавените податоци продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се пониски за 2,1 отсто на месечно ниво, а се повисоки за 0,5 отсто на годишно ниво.

Во март 2020, во споредба со февруари 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 7,5 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија за 1,7 отсто.

Во март 2020, во споредба со март 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се пониски во секторот Рударство и вадење камен за 18,9 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 2,4 отсто. скс/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Трендафилов: Срамота е да се фалите со покачување од 1.500 денари на минималецот

Повластената стапка на ДДВ од 5 проценти за новоизградени станови ќе важи и по 1 јануари

Исплатени над 39 милиони денари на 663 оризопроизводители