Утрински Весник
Свет

Цените на горивата предизвикаа големи протести во Казахстан, владата поднесе оставка

Цените на горивата предизвикаа големи протести во Казахстан, владата поднесе оставка

Казахстанската влада поднесе оставка по протестите предизвикани од зголемувањето на цените на горивата.

Полицијата со солзавец и шок бомби доцна синоќа упадна на протест при што од плоштад во Алмати протера стотици демонстранти, а немирите со часови продолжија во блиските населби од овој најголем град во Казахстан. За време на протестите беа повредени речиси стотина полицајци.

Казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев ја прифати оставката на владата и побара ограничување на цената на гасот, а потоа и на бензинот, дизелот и другите социјално важни производи за широка потрошувачка. Тој, исто така, нареди да се размисли за замрзнување на цените на комуналните услуги и воведување субвенции за кирии за сиромашните семејства.

Можете да прочитате

Епидемија на мали сипаници се шири во САД

EK отпушти висок функционер поради „примање подароци“ од Катар

СЗО бара повисоки даноци на зашеќерени и алкохолни пијалоци