Утрински Весник
Економија

Цените на горивата остануваат исти

Цените на горивата остануваат исти

Цените на бензините, дизелот и екстралесното масло ќе останат исти согласно одлуката од 4.8.2020 година, додека зголемување ќе има на малопродажнaта цена на Мазутот М-1 НС за 1,611 %.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менуваат и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 60,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 62,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 52,50 ден/лит и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 52,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,412 ден/кг и од полноќ ќе изнесува 26,121 ден/кг.

Од 11.08.2020 година максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

– Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 60,00 (денари/литар)
– Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 62,00 (денари/литар)
– Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 52,50 (денари/литар)
– Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 52,00 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС 26,121 (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на бензинот на светскиот пазар бележат зголемување за 2,262%, на дизелот за 1,045% и на екстра лесното масло за 1,048 %, додека кај мазутот има зголемување за 3,899%.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 1,023 %.

Од Регулаторната комисија за енергетика напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 11.8.2020 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

 

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Денови на финансиска писменост – 24info.mk

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за идната година

Тему достапна и во Македонија, ниски цени и бесплатна достава, квалитетот дискутабилен