Утрински Весник
Економија

Цената на барел нафта достигна ниво од 111 долари

Растот на цената на нафтата денеска забрза, надминувајќи го нивото од 111 долари за барел, откако медиумите објавија дека нафтената групација ОПЕК + одлучила скромно да го зголеми производството во јуни, и откако Европската унија во средата претстави план за ембарго на увозот на руската нафта.

Европската нафта Брент порасна за 0,88 отсто на 111,1 долари по барел на тргувањето во Лондон во 17:05 часот по наше време, а цената на американската нафта WTI порасна за 0,58 отсто на 108,4 долари по барел, според податоците на порталот oilprice.com, кој го следи движењето на цените во реално време.

Групата ОПЕК +, составена од Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници предводени од Русија, денеска се договори за скромно месечно зголемување на производството од 432.000 барели дневно во јуни, објави „Ројтерс“.

Можете да прочитате

Ристески: Влада работи на економски раст, зголемување на животниот стандард и раст на сите плати

Мицкоски: Податоците за индустриското производство се потврда за напорната работа, уште подобри резултати во периодот што следи

СДСМ: Платите на работниците треба да се покачат сега а не за две години