Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Целосно заклучување во Италија за време на велигденските празници

Целосно заклучување во Италија за време на велигденските празници
Img 7972

Италија ќе биде во општ карантин за време на велигденскиот викенд, покажува нацрт декрет во кој агенцијата „Ројтерс“ имала увид денеска.

Владата во Рим се бори против забрзаното ширење на коронавирусот низ целата земја, па продавниците кој не пордаваат неопходни производи ќе бидат затворени од 3 до 5 април.

Тие денови на Италијанците ќе им биде дозволено да ги напуштат своите домови само за работа, здравствена нега или некои други итни случаи.

Во нацрт-декретот, што треба да биде усвоен во текот на денот, се наведува дека од понеделник ограничувањата ќе бидат засилени и во жолтите региони, оние каде ризикот од инфекција е мал. И во нив движењето меѓу градовите ќе биде строго ограничено, а кафулињата и рестораните ќе бидат затворени.

Покрај ограничувања на национално ниво, Италија применува мерки и во одделни региони, засновани врз систем од четири бои за нивно обележување, кои се ревидираат секоја недела – бела, жолта, портокалова и црвена.

Од вкупно 20 региони, три на југот се црвени, 10 се портокалови, шест се жолти, а само Сардинија е бела, покажува мапата на интернет-страницата на италијанската влада.

Според податоците на Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) од четвртокот, во последните две недели Италија има просечно 433 новозаразени на 100.000 жители.

На истата листа, Чешка е најлоша со 1.572 новозаразени.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Екс кинески министер за земјоделство осуден на смрт поради корупција

Во Белгија приведени осум лица при истрага за меѓународна пирамидална шема за измами

Орбан: Без руска енергија, унгарската економија ќе пропадне