Утрински Весник
Економија

Царовска ќе изврши увид во реновирањето на просториите на детскиот дом „11 Октомври“

Царовска: Направивме многу, донесовме нови вредности и исправивме направди
Dik 300x250 mk

Скопје, 24 јуни 2020 (МИА) – Вицепремиерката задолжена за економски прашања и координација со економските ресори Мила Царовска, заедно со заменик министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар и дополнителната заменичка министерка Санела Шкријељ, ќе направи увид во реновирањето на просториите на детскиот дом „11 Октомври“ каде што е планирано да биде сместен Центарот за поддршка на згрижувачките семејства.

Царовска по посетата на домот, заедно со директорот на Дирекцијата за технолошкоиндустриски развојни зони Александар Младеновски, ќе изврши увид во завршните работи на опремување на производствениот капацитет на германската компанија Гересхајмер во ТИРЗ Скопје 2. сст/са/


Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Намален за 2,8 проценти бројот на работници во индустријата во септември на годишно ниво

Во изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д во септември ангажирани 2277 лица

Гувернерот Славески: Штедењето е системска неопходност за одржлив раст и стабилност