Утрински Весник
Македонија

Царовска: Храброста на жртвите на „Јавна соба“ јавно да проговорат ќе помогне заедно да се исправиме пред предизвикот

Царовска: Храброста на жртвите на „Јавна соба“ јавно да проговорат ќе помогне заедно да се исправиме пред предизвикот

Денес го одбележуваме феминизмот кој се бори за сите оние кои не можат се уште да се изборат за самите себе, рече министерката за образование и наука Мила Царовска во видео-обраќањето по повод Меѓународниот ден на жената 8 Март.

Министерката Царовска им оддаде почит на сите девојки и жени кои беа изложени на насилство во случајот „Јавна соба“.

„Нивната храброст јавно да проговорат ќе помогне заедно да се исправиме пред предизвикот. А наша обврска како Влада и институции е да обезбедиме заштита од злоупотреба на женските права сега и во иднина и оние кои тоа го прават да бидат изведени пред законот. Наша реалност мора да биде општество каде еднаквоста и недискриминацијата ќе бидат основни човекови вредности. Од ова не смееме никогаш да се откажеме“, посочи Царовска.

Потсетувајќи дека денешниот празник е во слава на непоколебливиот феминизам кој се бори за политичко организирање на жените, кој се бори за сите девојки и жени, за младите, за пензионерките, за работничките, за трансродовите лица, министерката Царовска рече дека најдобар начин да ги славиме генерациите феминистки пред нас е да ја продолжиме нивната борба во семејството, на улица, во институциите, во училиштата, укажа министерката.

„Затоа, клучен предизвик пред нас се реформите во образованието кои значат вложување во идни генерации кои растат со вредностите на родова еднаквост, солидарност и ненасилство. За еднакви можности, за силни и солидарни девојки и жени“, рече министерката Царовска во видео – обраќањето

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Владата обезбедува прочистувачи на воздух за 49 општини

Мицкоски: Во моментов не гледам причина, зошто би организирал уште една лидерска средба со Филипче

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја претвора М-НАВ во партиска филијала, партизацијата пред избори е во ек