Утрински Весник
Македонија

Царовска: Со дигитализацијата ќе изградиме современ и конкурентен образовен систем

Царовска: Со дигитализацијата ќе изградиме современ и конкурентен образовен систем

Министерката за образование и наука Мила Царовска денес учествуваше на онлајн дебата за дигитализацијата на образовниот процес, којашто е неопходна во време на пандемијата со Ковид 19. На дебатата учествуваше и Претседателот на државата Стево Пендаровски.

„Можеби процесот на дигитализација кај нас е започнат, но треба да се интензивира. Затоа што времето брзо истекува и доколку не го фатиме чекорот со овој глобален процес, тогаш многу ќе заостанеме во трката по квалитетно образование за нашите сегашни и идни генерации ученици“, рече Царовска.

Министерката истакна дека основната нејзина цел но и на владата е да изгради современ и конкурентен образовен систем на среден рок, кој ќе биде флексибилен и лесно прилагодлив на секоја нова промена со која се соочува општество или воопшто светот.

„Во таа насока, сакам да информирам дека покрај низата реформи кои ги предвидува новата 4 годишна програма за работа на Владата, која пак, веќе се детализира од страна на секоја институција, вклучително и од страна на институцијата за која добив мандат да ја раководам во делот на образованието и науката, еден од приоритетите е и дигитализацијата на образованието, за што ќе се изготви и Национална стратегија за дигитализација на образовниот систем“, рече Царовска.

Царовска рече дека креирање на единствена национална платформа за далечинско учење. И со задоволство можам да кажам дека веќе ја имаме првичната драфт верзија на оваа платформа, која можеби со мали дополнувања и минимални корекции врз база на сугестии од крајните корисници, ќе стане конечна и применлива до пред почетокот на учебната година. Јас веќе ја разгледав, лично ми се допаѓа и сметам дека ќе биде лесна за употреба и ќе ги задоволи очекувањата и потребите на сите кои ќе треба да бидат поврзани со истата, првенствено на учениците и наставниците.

„Многу важно во овој процес е и обезбедувањето на дигитални учебници. Во заеднички дијалог со издавачките куќи и авторите на учебниците ќе работиме на што поголема застапеност на учебниците во електронска форма“, рече Царовска.
Трибината на тема „Дигитализација и образование“, ја организираше Здружението за едукација, комуникации и консалтинг „ОХО“ од Битола.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Таравари контра Фетаи: Неговата група брои помалку од 40 луѓе кои чувствуваат вознемиреност и вина

ВМРО-ДПМНЕ: Најголемите криминали во здравството се во времето на Филипче, дали тој стои зад скандалот со Онкологија?

Некои од повредените од пожарот во Кочани што се вратија од лекување имаат отворени рани, а дел се со покомплицирани повреди