Вицепремиерката задолжена за економски прашања, Мила Царовска, пердводеше делегација која денеска оствари посета на оваа Неготино, за време на која извшрија увид во активностите од проектот „Вински, aпи и еко туризам во Неготино и околината“, што е дел од Проектот за локална и регионална конкурентност, финансисиран Владата и Делегацијата на Европска Унија.
Од Владата информираат дека во рамки на проектот „Вински, апи и еко туризам во Неготино и околината“, се реализираат повеќе инфраструктурни зафати во општината, како реконструкција и адаптација на старата училишна зграда во селото Вешје во Едукативен Апи центар, уредување на патеки во околината на постојниот пчелен парк во село Вешје, уредување на постојни жардинери и поставување на урбана опрема во Неготино, уредување и опремување на современа „Винска архива“ во рамки на постоечкиот повеќенаменски објект „Желкова куќа“ во централното градско подрачје на Неготино, реконструкција на бина и поставување на саемска и манифестациска опрема во централното градско подрачје и поставување на информативна паметна постојка, информативни табли и патокази за туристите во градот Неготино.
По извршениот увид во тековните активности, Царовска рече дека ситеинвестиции во општина Неготино директно влијаат во подобрување на социо-економскиот и културниот живот.
„Оваа инвестиција се однесува на вложувања коишто се во вински туризам, апи туризмот и еко туризам и како држава сметам дека навистина на овој начин може да ги направиме општините многу поатрактивни места за посета и на домашни, но и на странски туристи. Дополнително на овој начин се отвараат и нови работни места коишто се значајни да младите останат и да го продолжат својот живот и во регионите коишто не се доволно развиени. Оваа инвестиција, којашто е тука благодарение на Европската унија и изнесува 16 милиони денари, ќе влијае и понатаму општината да ги развива овие објекти коишто се реконструираат и да може да ги развива и винскиот и апи туризмот којшто се развиваат во Неготино и околината на градот“, нагласи вицепремиерката.
Покрај неа, во делегацијата што го посети Неготино беа и министерот за земјоделство, Трајан Димковски, заедно со раководителот на Секторот за соработка во Делегацијата на Европската Унија, Никола Бертолини, како и градоначалникот Тони Делков.
Министерот за земјоделство, Димковски, посочи дека со поддршка од ЕУ, преку ИПАРД 2 програмата се поттикнува развојот на руралните средини, при што се осврна на пчеларството, кое како гранка во земјоделството бележи значителен раст во последните години.