Утрински Весник
Економија

Царовска: Прерано е да се зборува колкав ќе биде падот на БДП

Царовска и Апостолска во посета на компанијата „Раде Кончар“

Скопје, 29 април 2020 (МИА) – Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд исто така проектираат дека ќе имаме пад во нашата држава, и во регионот и светот воопшто, со очекување дека следната година брзо ќе се врати растот и брзо ќе се рестартира економијата. Нашите проекции се исто во таа насока. Ова денеска го соопшти вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска, одговарајќи на новинарско прашање.

-Имаме оптимистичко сценарио, но и песимистичко со намалување на приходите во буџетот. Но, сметам дека и министерката за финансии денеска изјави дека во суштина се движиме во рамки на она што е очекувано како приходна страна на буџетот. Очекувам овој пад на приходите се надмине кога економијата ќе се рестартира, рече Царовска.

Сите мерки кои се прават од страна на Владата, како што рече, во соработка со компаниите и граѓаните ќе направат една поддршка која ќе го намали ризикот за неликвидност или потешко рестартирање понатаму на економијата.

Царовска смета дека е прерано да се зборува колкав ќе биде падот на БДП и посебно по сектори.

Одговарајќи на новинарско прашање, Царовска рече дека платите на функционерите не им се префрлени. мд/са/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

„Стандард и Пурс”: Инфлацијата забавува, девизните резерви и натаму растат, а банкарскиот систем е стабилен

Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот

„Стандард и пурс“ очекува забрзување на економијата, стабилизирање на јавниот долг и зајакната фискална консолидација, земјата оценета со кредитен рејтинг ББ- 24info.mk