Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Царовска: Најголем дел од учениците се спремаат за матура, само во една гимназија има организиран бојкот

Царовска: Најголем дел од учениците се спремаат за матура, само во една гимназија има организиран бојкот
Img 7972

Законски утврдените рокови се испочитуваа, 15 илјади ученици од четврта година пријавија матура што укажува дека најголем дел од учениците се припремаат за матура, вели министерката за образование Мила Царовска.

„Сакаме секое дете да има можност да ги оствари своите цели и соништа, и секако да нагласам дека матурата е законска обврска што значи заокружување на образовниот процес или добивање на диплома што понатаму важи и за продолжување на образованието и за вклучување на пазарот на трудот“, рече Царовска.

Таа претходно изјави дека само учениците од една скопска гимназија имаат организиран бојкот на наставата, додека другите се помали изолирани групи, а во некои средни училишта воопшто нема бојкот.

Од наредната година таа најавува дека ќе има соработка меѓу Министерството и средношколците за подготвување на тоа како ќе изгледа новата концепција за матурата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

До 15:30 часот гласале 5 385 болни или немоќни лица и 810 лица во затворите

Жена од САД добила на суд, „адвокат“ и бил Чат ГПТ

Кондарко: Непречено гласањето во Ново Село, исправена е печатната грешка, без проблеми и гласањето во останатите места