Утрински Весник
Македонија

Царовска: Најважно е сите да соработуваме за да имаме успешна училишна година

Царовска: Најважно е сите да соработуваме за да имаме успешна училишна година

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, го посети општинското основно училиште „Кирил и Методиј” во Тетово, каде наставата ќе се одвива со физичко присуство од прво до трето одделение, а во погорните одделенија со настава од далечина.

„Ако заедно се соочуваме со предизвиците, тие полесно се надминуваат. Ова се покажува и во училиштето ’Кирил и Методиј’ каде соработката на локалната самоуправа и училиштето, како и целосното вложување на наставниците резултираат со подготвеност за старт на училишната година на двата начини. Видовме дека се почитуваат мерките и протоколите за безбедно одвивање на наставата, направено е обележување на патеките, набавени се топломери а клупите се поставени на пропишаното растојание. Наставниците се вклучени во тестирањето на онлајн платформата“, изјави министерката Царовска.

Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, истакна дека соработката на сите нивоа ќе биде клучна за одвивањето на наставата во услови на пандемија.

„Сите сме свесни дека ова е чувствителен период, школска година што не личи на други. Сите мора да бидеме солидарни и со разбирање во целиот овој процес“, рече Арифи.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Штип остана без струја – наставата во училиштата е прекината

Неработни денови за 2025 година

СДСМ во среда избира нови секретари и потпретседатели: Ќе има ли изненадувања?