Скопје, 27 јуни 2020 (МИА) – Носителката на листа за пратеници во Изборна единица број 1 и потпретседателка на СДСМ, Мила Царовска заедно Дарко Каевски и со социјал-демократската младина учествуваше на спонтана акција за чистење на видиковецот на езерото Козјак.
– Нашата партија е предводник на еколошките процеси и подигање на јавната свест за заштита на животната средина. Создавање еко држава е и останува наш врвен приоритет и во наредниот период. Заедно можеме да направиме многу, се наведува во соопштението од СДСМ. цр/са/