Утрински Весник
Економија

Царовска и Каевски во посета на Крушево

Царовска и Каевски во посета на Крушево

Скопје, 18 јуни 2020 (МИА) – Вицепремиерката задолжена за економски прашања и координација со економските ресори Мила Царовска и директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски, денеска ќе го посетат Крушево каде што во придружба на градоначалникот на Томе Христоски, ќе извршат увид на тековни и завршени проекти во оваа општина кои се спроведуваат со финансиската помош од Владата на Република Северна Македонија, Европската унија и Светската банка.

Царовска, Каевски и Христоски, како што е најавено, ќе направат увид на завршените активности за поставување и уредување на туристички киосци на месноста „Гумење“, а потоа и на завршените градежни работи на реконструираната спортска сала и тековните активности за партнерно уредување околу салата.

Тие ќе го посетат и спортско рекреативниот центар „Езеро“, каде што се изградени повеќенаменско и тениски игралишта и е уреден фудбалски стадион со средства од Агенцијата за млади и спорт, како и локацијата каде се гради полетувалиште за параглајдинг и параглајдинг центар.са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Во Одборот на директори на ЗК Пелагонија влегува Јове Кекеновски

Нова инвестиција на турската компанија „Чагатај Кабло“ во ТИРЗ Скопје, до 200 нови работни места

Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот