Утрински Весник
Политички Партии

Царовска: Институциите одлично се справуваат со вирусот, продолжуваме со мерките за заштита

Царовска: ВМРО-ДПМНЕ ја замајува јавноста со заговарање за поништување на Договорот од Преспа

 

Скопје, 12 март 2020

„Ако веќе зборуваме за некои препораки, ВМРО ДПМНЕ би требало јавно да излезе и да ги каже како препораки.  Но, од друга страна тие не излегуваат со препораки и се закануваат со кривични пријави на еден од министрите којшто одлично се справува со оваа ситуација. Друга работа што е важна во однос на тоа како политичките партии се справуваат, сметам дека навистина можеме да дадеме одговори на тоа. Во моментот кога Владата ја донесе одлуката со препорака до 1000 лица да не се собираат и се забранува собири над 1000 лица во тој момент ги откажавме сите партиски средби, сите партиски движења и собири со граѓаните затоа што сметаме дека на тој начин придонесуваме исто така кон превенција . Јас од тоа што може да видам во најголем дел и компаниите и фудбалските клубови и партиите ги почитуваат овие насоки затоа што навистина станува збор за заштита на јавното здравје, а тоа е и здравјето на секој еден од нас.“- изјави потпретседателката на СДСМ, Мила Царвоска во вечерашното гостување на телевизија Алсат.

Според неа надлежните институции ја следат ситауацијата и неблагодарно е во моментот да се зборува за одложување на изборите.

„За тоа на крајот ќе одлучат експертите, епидемиолозите, затоа што јавното здравје е пред се и тука сметам дека навистина заеднички треба да се носат одлуките и да ја следиме ситуацијата и ако има таков ризик да се седне и тој да се дискутира заедно со сите затоа што сите заеднички го договоривме датумот, сите заеднички се договоривме да одиме на избори, токму затоа оваа одлука би била заедничка, но во овој момент гледам дека сите политички партии будно го следат ова затоа што пред се интересот ни се граѓаните и системот.“- дополни таа.

Царовска зборуваше и за ставот на ВМРО ДПМНЕ кон целата ситуација со корона вирусот.

„Мислам дека ова е одличен пресврт во опозиционата партија ВМРО-ДПМНЕ. До вчера излегуваа на прес конференции, зборуваа за тоа како системот не функционира, како здравството не одговара и денеска сум среќна што признаваат дека Северна Македонија како и сите земји е погодена, но и дека се справува соодветно, одлично согласно можностите коишто ги имаме во овој момент.  Она што е важно дека здравствениот систем навистина даде одговор на она коешто денеска се случува во нашата држава и будно се следат сите мерки се преземаат навреме и токму затоа бројот на заразени е низок, немаме починати и сето тоа укажува дека сите мерки биле преземени на време се со цел заштита на јавното здравје и здравјето на граѓаните. И токму затоа ние постојано апелиравме дека ова не е прашање на дневна политика, ова не е прашање со коешто политичарите треба да добиваат или губат поени, ова е прашање за кое првпат треба да покажеме национален консензус и конечно да ги погледнеме вистинските потреби на граѓаните.“- заклучи Царовска на Алсат.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

_____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт