Утрински Весник
Економија

Царовска: Здравствените и економските мерки даваат резултати

Царовска: Здравствените и економските мерки даваат резултати

Скопје, 13 мај 2020 (МИА) – Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска во синоќешното гостување во емисијата „Програма 200“ на Алсат телевизија изјави дека сетот здравствени и економски мерки што ги презеде Владата даваат резултати.

– Економската криза не е тајна, таа се случува во светот, се случува и кај нас, но може да оцениме дека меѓународните финансиски институции, па и домашните институции се позитивни во проекциите, што укажува дека падот на приходите е помал од она најдрастично сценарио и дека БДП најмалку ќе падне во нашата држава во споредба со земјите во регионот, тоа го проектираше и Светската банка. Тоа покажува дека оние мерки што се димензионирани и во делот на здравствен протокол на заштита, но и во економска поддршка, даваат резултати, рече Царовска во синоќешното интервју.

Додаде дека производството во земјава не застанало, а не бил стопиран ниту увозот и извозот, туку се одвивал со намален интензитет.

– Значи целосно затворање никогаш не направивме, а сепак здравствената криза не достигна одредена драматична бројка, оцени Царовска.

Таа говореше и за олабавувањето на мерките, за следењето на здравствената и економската состојба на дневно ниво и за преземањето на соодветни мерки за справување со последиците од вирусот.

Царовска ги повика граѓаните, работниците и компаниите да ги почитуваат препораките и мерките за заштита, посочувајќи дека само така може да се сочува јавното здравје. бак/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Трипуновски: Пиперката се откупува непречено, имаме зголемување на субвенциите за 2025 година

УЈП од електронски аукции во државниот буџет инкасирала 314 230 евра

Итно зголемување на минималецот на 500 евра бара ССМ од пратениците