Утрински Весник
Македонија

Царовска: Врвен приоритет е да ја започнеме учебната година, но и да создадеме образование со коешто ќе се гордееме

Царовска: Врвен приоритет е да ја започнеме учебната година, но и да создадеме образование со коешто ќе се гордееме

Новата министерка за образование и наука Мила Царовска ја презеде должноста од досегашниот министер Арбер Адеми којшто раководеше со овој ресор. На примопредавањето коешто помина во работна и пријателска атмосфера, Царовска и Адеми разговараа за тековните процеси во Министерството за образование и наука, како и за идните планови и предизвици. Исто така се осврнаа на взаемната и искрена соработка во изминатиот период посебно во делот на создавање инклузивно образование, на јакнењето на средните стручни училишта и пилотирањето на дуалното образование.

Царовска на средбата истакна дека нејзиниот врвен приоритет што истовремено е приоритет и на новата Влада е започнување на учебната година 2020/2021 во услови кога земјата се соочува со пандемија на Ковид-19 од светски размери.

Царовска на состанокот со Адеми рече дека ставот на новата Влада е да ја започенеме учебната година на први октомври со комбиниран модел на настава. За таа цел веќе се подготвени и усвоени протоколи за учење со физичко присуство, а во тек е и изработка на единствена национална платформа за учење на далечина.

Новата министерка за образование и наука истакна дека е свесна дека секој наставник, ученик, родител има свои желби и размислувања за тоа како треба да изгледа наставата, но треба да се најде балансот помеѓу заштитата на јавното здравје и учењето. Царовска рече дека со заеднички заложби е сигурна дека успешно ќе ја завршиме оваа училишна година.

На работната средба со Адеми, новата министерка Царовска ги најави нејзините приоритети и цели за четиригодишниот мандат. Меѓу врвните цели се суштински реформи во основното образование, јакнење на средните стручни училишта, подобрување на оценките на меѓународните тестирања коишто ќе станат наша национална гордост и враќање на достоинството на просветните работници и нивна лична мотивација. Со секој од вас планирам лично да се сретнам, запознаам и разговарам.

Царовска на функцијата министерка за образование и наука доаѓа од позицијата вицепремиерка за економски прашања во Владата на Северна Македонија којашто ја извршуваше од почетокот на годината. Претходно Царовска беше министерка за труд и социјална политика којашто во период од неполни три години успеа да направи целосна трансформација на системот за социјална и детска заштита, но и да ги смести сите деца од институции во мали групни домови.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Нормализиран сообраќајот за камиони кон „Блаце”, на „Табановце“ се чека околу 30 минути

Повторно одложено судското рочиште за случајот Веапоска на кое требаше да биде презентиран извештајот од супервештачењето

СДСМ: Владата ќе потроши 1,8 милиони евра на кампања за ЕКСПО во Белград, но нема пари за Кочани и за пожарникарите