Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Царовска: Во следниот мандат 10.700 денари минимална пензија и раст на минималната плата

Царовска: Во следниот мандат 10.700 денари минимална пензија и раст на минималната плата
Img 7972

Скопје, 26 јуни 2020 (МИА)Носителката на листа на пратеници во Изборна единица број 1 и потпретседателка на СДСМ,  Мила Царовска вечерва на трибина во Аеродром рече дека изминатите три години се направени клучни реформски процеси кои значат многу за развој на праведно општество и вложување во граѓаните.
-Не запираме тука, туку продолжуваме со реформските процеси. Минималната плата во следниот мандат ќе ја зголемиме до 40%, а просечната до 30%. Не ги забораваме и највозрасните. Новото ниво на минимална пензија ќе изнесува 10.700 денари, додаде Царовска.
Царовска истакна дека СДСМ е партија којашто вложува во најранливите и нивните деца. 
-Направивме реформи на коишто на сиромашните не им се даваат повеќе трошки, туку ги враќаме на пазарот на трудот. Им го враќаме достоинството пред нивните деца. Не запираме тука затоа што сите заедно можеме многу повеќе и уште подобро, рече Царовска.бт/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Kривична пријава против членка на Судски совет за сторено кривично дело „измама во службата”

СДСМ: Аларамантно лоша состојба на Онкологија: нема лекови, нема реагенси, нема апарати!

(Видео) Снег во Галичник – 24info.mk