Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Царина и Пошта најавија поврзување во еден систем за дигитализација на постапките

Јани Макрадули-Горан Сугаревски, фото : Царинска Управа
300x250 opst2

Поштенскиот сообраќај има важна улога во царинското работење, бидејќи покрај пратките со писма, се врши праќање и на пакети кои се царинска стока. Оттаму е значајно зајакнувањето на соработката и активностите на АД „Пошта“ и Царинската управа на РСМ. На оваа тема разговараа не денешната средба директорот на Царинската управа, Горан Сугаревски и на А.Д. „Пошта“, Јани Макрадули, при што е најавено дека оваа година ќе има поврзување на Системот за обработка на царински декларации и акцизни документи, СОЦДАД, на Царинската управа, со ИТ системот на АД „Пошта“.

Како што соопштија од Царинската управа, во текот на 2020 година се спроведе проект за модернизација на царинското работење во е-трговија и во поштенскиот сообраќај, меѓу РСМ и царината на Кореа. А, оваа година, германското друштво за меѓународна соработка, ГИЗ, започна нов регионален проект за модернизирање на прекуграничната е-трговија и поштенското царинско работење, во рамки на ЦЕФТА. Целта на овој проект кој ќе трае 4 години е : подобрување на законодавството за е-трговија, подобрување на даночното законодавство и хармонизирање на царинските постапки во ЦЕФТА регионот.

„Од овој проект ќе произлезат повеќе бенефити за двете институции од кои најважно е поврзување на СОЦДАД, на Царинската управа со ИТ системот на АД „Пошта“, односно целосно дигитализирање на постапките“, информираа од Царинска управа.

 

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова ќе учествува на Состанокот на лидерите на земјите учеснички од Процесот „Брдо-Бриони”

Уапсен прилепчанец, палел кабли во близина на депонијата во Струга

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии