Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Хју Џекмен лови спомени во потопениот Мајами во „Реминисценција“

Хју Џекмен лови спомени во потопениот Мајами во „Реминисценција“
Img 7972

Можеби е холивудска суперrsвезда, но Хју Џекмен вели дека не можел да поверува дека главната улога во новиот филм е напишана специјално за него.

„Во мојата глава, јас бев како: Ох, Бред Пит ја одби улогата, нели?“, се пошегува Џекмен во врска со својата улога во научно-фантастичниот трилер Reminiscence.

„Реков ‘да’ пред да го прочитам сценариото“, рече австралискиот актер додека им се придружи на своите колеги Ребека Фергусон и Танди Њутон како и писателката и режисерка на филмот Лиза Џој на специјална проекција во Лондон во средата навечер.  Настанот се одржа со строго придржување кон препораките за социјална дистанца.

Во филмот, чие дејствие е сместено во разорен од војна и поплавен Мајами, Џекмен глуми тврдокорен ветеран, Ник Баристер, кој со својот деловен партнер Вотс (Њутн) им нуди можност на клиентите да ги оживеат своите спомени.

Баристер се вљубува во мистериозна клиентка, Меј (Фергусон), која има насилно минато. Таа одеднаш исчезнува, а Баристер тргнува да открие која е всушност.

„Реминисценција“ ќе почне да се прикажува глобално од 18 август, а во кината во САД и Велика Британија ќе се појави на 20 август.

Можете да прочитате

TECHMECH 2025 – Саем за пракса и вработување на Машинскиот факултет

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД: „БИЗНИС ЛИДЕР“ ЌЕ ГИ НАГРАДИ НАЈУСПЕШНИТЕ МАКЕДОНСКИ КОМПАНИИ ЗА 2024 ГОДИНА

Овие 2 знака ќе се збогатат или ќе освојат премија – и тоа веќе до ноември