Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Хју Лори донесе крими-мистерија на Агата Кристи на ТВ

Хју Лори донесе крими-мистерија на Агата Кристи на ТВ
300x250 opst2

Британскиот актер Хју Лори, најпознат по улогата на ексцентричниот доктор во ТВ-серијата „Хаус“, го прикажува на екранот, како што вели, својот омилен роман од Агата Кристи во новата ТВ-серија „Зошто не Еванс?“

Мини-серијата во три дела е напишана, продуцирана и режирана од Лори, кој глуми и во споредна улога.

„Романот е моја страст веќе долго време“, изјави 62-годишниот Лори за „Ројтерс“ во пресрет на дебито на серијата.

„Колку повеќе размислував за тоа, толку повеќе уживав во идејата да се обидам да го донесам на малите екрани она што сметам дека има дух на комична авантура.“

Книгата на Кристи, „Зошто не Еванс?“ првпат беше објавена во Обединетото Кралство во 1934 година.

Романот и ТВ-серијата го следат љубезниот Боби Џонс (Вил Полтер), кој наоѓа човек на умирање во близина на карпите на велшкиот брег. Странецот успева да го изговори загонетното прашање од насловот пред да почине.

Можете да прочитате

„ГРАДОНАЧАЛНИК“ – нова едукативна онлајн игра за млади

ПВЦ прозорите имаат зимски и летен режим, еве како да го подесите

ЉУБОВЕН ХОРОСКОП ЗА ОКТОМВРИ 2025 ГОДИНА: Кој донесува важни одлуки, а кого го чека љубов како од бајка?