Утрински Весник
Магазин

Хју Грант не верувал дека Рене Зелвегер може да ја одглуми Британката Бриџит Џонс

„Дневникот на Бриџит Џонс“ е една од најомилените романтични комедии на сите времиња.

Но, Хју Грант вели дека првично не бил сигурен дека Рене Зелвегер е добар избор за Бриџит Џонс, британски лик базиран на книгите на писателката Хелен Филдинг.

Додека зборуваше за новиот документарец Being Bridget Jones, британскиот актер Хју Грант (60) призна дека прво мислел изборот на актерка што ќе ја глуми главната хероина бил прилично „протегнат“.

„Имаше скандал зошто ова не е британска актерка,“ вели Хју во разговор со „Индипендент“, алудирајќи на оригиналниот филм од 2001 година.

„Не ја познавав Рене Зелвегер, а Тексашанка да игра британски лик… се чинеше како протегање“, рече Грант, кој го игра шефот додворувач Даниел Кливер во оригиналниот филм.

Но, се покажа дека тоа е рецепт за успех, бидејќи филмот на меѓународно ниво заработи 281.9 милиони долари, а главната хероина стана светски феномен.

На почетокот на оваа година холивудската актерка потврди дека со задоволство повторно ќе го игра ликот доколку четвртото продолжение добие зелено светло.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста