Утрински Весник
Спорт

Хјустон ја прекинаа лошата низа, Клиперс се вратија од -22

Хјустон ја прекинаа лошата низа, Клиперс се вратија од -22

Хјустон Рокетс ставија крај на серијата од 20 порази, Мемфис Гризлис во драматичен меч славеа над Бостон Селтикс, а ЛА Клиперс се вратија по негативата од 22 поени и ја победија Атланта Хокс.

Најлошата низа во историјата на фрншизата, Хјустон ја прекинаа против Торонто Репторс. „Ракетите“, славеа со 117.99 со што ставија крај на серијата од 20 порази.

Вол забележа трипл-дабл (19 поени, 11 скока, 10 асистенции), Тејт постигна 22, а Браун 20 поени. Репторс ги предводеше Ван Влит со 27 поени.



Мемфис Гризлис, по едно продолжение, славеа победа над Бостон Селтикс 131:126. До победата ги предводеше Џа Морент со 29 поени, пет скока и девет асистенции, Јонас Валанчиунас забележа 16 поени и 19 скокови. Кај Селтикс се истакнаа Џејлен Браун со 29 и Џеф Тиг со 28 поени.

Резервите ги предводеа ЛА Клиперс до победа над Атланта Хокс 119:110. Во финишот на третиот период Клиперс имаа минус од 22 поени, Тајрон Лу се предаде, на теренот влегоа резервите кои успеаја да го вратат тимот на мечот, а потоа Каваи Ленард ја уништи Атланта.

Ленард постигна 25 поени, Ман имаше 21 поен и 10 скока, Кенард 20, а Морис 19 поени.

Атланта ја предводеше Јанг со 28 поени. Инаку Клиперси со оваа победа ставија крај на серијата од осум победи во која беа кошаркарите на Атланта.

Резултати:

Минесота-Оклахома 103:112
Сан Антонио-Шарлот 97:100
Чикаго-Јута 95:120
Милвоки-Индијана 140:113

> Хјустон ја прекинаа лошата низа, Клиперс се вратија од -22 <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027

Над 1.000 македонски навивачи ќе ја бодрат репрезентацијата во Копенхаген

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила