Мелбурн, 15 февруари 2020 (МИА) – Поранешниот водечки светски тенисер, Лејтон Хјуит е оптимист дека Новак Ѓоковиќ може да триумфира на Ролан Гарос.
Рафаел Надал е рекордер по бројот на освоени титули (12) на гренд слемот во Париз, но Србинот, според Австралиецот, е еден од малубројните кој може да ги расипе неговите планови во француската престолнина.
– Постојат два тенисера кои може да ги расипат плановите на Надал на Ролан Гарос. Еден од нив е Новак Ѓоковиќ. Српскиот тенисер знае што е потребно за освојување на трофејот во Париз. Играше неколку финални мечеви таму, добро ги познава условите. Добро се прилагодува на секоја подлога на која може да направи големи работи поради неговите движења и пролизгувања. Има чудесна сила да се избори за триумф во пет сета, изјави Хјуит.
Хјуит во кариерата освои два гренд слем турнира – Ју-Ес опен во 2001 година и Вимблдон во 2002 година. Покрај Ѓоковиќ, како фаворит од сенка на Ролан Гарос го издвои и Автриецот Доминик Тим, кој играше во финалето на Австралија опен. сѓд/ми/