Утрински Весник
Македонија

Хуманитарни акции за помош на лица во социјален ризик во Берово

Хуманитарни акции за помош на лица во социјален ризик во Берово

Берово, 17 април 2020 (МИА) – Во Берово спроведена хуманитарна акција за помош на социјално-ранливите категории граѓани. Во рамки на акцијата, како што информираат од општината, донирани се 60 пакети со колонијални производи, кои во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден им се поделени на ранливите категории семејства.

-Овој хуман гест е дело на неколку локални фирми, кој одвојувајќи од сопствениот буџет, одлучија да донираат за социјално-ранливите граѓани кои живеат на подрачјето на општина Берово, во услови на пандемија од КОВИД 19. Нашите донатори, сакајќи да останат анонимни, заради нивната скромност, упатија порака „Бидете хумани и размислете кому би можеле да ја подарите својата љубов или потреба од нешто”, истакнаа од општината по повод реализацијата на хуманитарната акција.

Претходно, како што додадоа во слична хуманитарна акција, Здружението за помош на лица во социјален ризик „Ахмедија“ која е дел од истоимената муслиманската заедница во Македонија и хуманитарната организација „Humanity first“ од Германија, доделија пакети со прехранбени продукти на лица во социјален ризик од Берово.

-Градоначалникот на општина Берово заедно со вработените во општината, ги доставија овие пакети, до домовите на социјално загрозените семејства, кои искажаа задоволство за помошта од оваа организација, додадоа од општината.

Оваа организација како што дополнија, повеќе од 20 години соработува со општината, обезбедувајќи помош на најранливата категорија граѓани. вс/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Димитријевиќ: СДСМ ќе покаже нова енергија и нова визија во креирањето на политиките

ЕСМ понуди поскапа цена на тендерот на ЕВН ХОУМ

Переле пари и приредувале игри на среќа без лиценца: Кривична за сопружници од Штип, нивната ќерка и за уште едно лице