Утрински Весник
Македонија

Хуманитарна помош за илјада семејства во Дебар од АД ЕСМ

Хуманитарна помош за илјада семејства во Дебар од АД ЕСМ

Битола, 20 март 2020 (МИА) – АД ЕСМ во соработка со Синдикалната организација на компанијата и Синдикатот на РЕК Битола испрати хуманитарна помош за 1.000 семејства во Дебар.

-Во Дебар е седиштето на нашата хидроцентрала Шпилје и ние чувствуваме морална одговорност да помгнеме, истакна генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

Тој информира дека се подготвени 1.000 пакети со неопходни прехранбени производи и производи за лична хигиена. Во секој пакет има по 25 килограми брашно и други прехранбени производи, но и заштитини маски и средства за дезинфекција.

-Вкупната вредност на хуманитарната помош изнесува околу 3 милиони денари, истакна Ковачевски.

Хуманитарната помош на АД ЕСМ и синдикалните организации ќе ја прими, а потоа распредели градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука.

На новинарско прашање во врска со производството на електрична енергија во државата и работата на хидроцентралата Шпилје, првиот човек на АД ЕСМ Ковачевски истакна дека во моментов годишниот план за производство на електрична енергија во целост се исполнува.

-Производството на електрична енергија се одвива согласно планот, а паралелно преземаме активности за да ги заштитиме вработените. АД ЕСМ се однесува одговорно кон сите ресурси, нема зголемена побарувачка на електрична енергија и не увезуваме електрична енергија. Инаку во хидроцентралата Шпилје, работата е организирана во смени од по 12 часа и нема причини за да дојде до застој на производствениот процес, посочи Ковачевски на денешната прес-конференција во Битола. мт/мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВЛЕН носи промени со имиња што го прават секој граѓанин горд

Денеска решение за формирање комисија за надзор над случајот со детето од Кавадарци

Меѓународен ден на архивите – 9 јуни