Утрински Весник
Македонија

Хуманитарна акција за социјално-загрозените семејства во Берово

Хуманитарна акција за социјално-загрозените семејства во Берово
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Берово, 29 март 2020 (МИА) – Во Берово спроведена хуманитарна акција за помош на социјално ранливите категории на граѓани. Во рамки на акцијата како што информираа од Општината, општествено одговорни фирми, здруженија на граѓани и поединци од Малешевијата обезбедија прехранбени пакети кои ќе им бидат поделени на споменатата категорија граѓани.
– Голем број на хумани граѓани и фирми, се приклучија на акцијата за донирање за социјално-ранливата категорија на граѓани, во услови, кога владее глобална епидемија од корoна вирусот. Донацијата се состои од прехранбени продукти, која пристигна од Здружението на граѓани ,,Владимирски илинденски средби”, од село Владимирово, како и големиот хуманист Благој Механџиски – Зегин, информираа од Општината.
Донациите, како што додадоа ќе се примаат и во наредниот период.
– Апелираме до сите хумани граѓани кои се ви можност да одвојат од својот буџет, со што ќе донесат насмевка во домовите на семејствата на кои во овој момент на епидемија од корона вирус, ќе им биде добредојдено, додадоа од Општина Берово.
Претходно во Берово успешно беше спроведена акцијата ,,Донирај мед за имунитет” во чии рамки 65 семејства ќе добијат мед и пчелни производи од Малешевијата. вс/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Исплатени 336 милиони денари субвенции за 1.211 сточари

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Обединетото Кралство

Магла на патните правци Дебар – Струга, Куманово – Крива Паланка и Велес – Катланово