Утрински Весник
Спорт

Хуан Мета се сели во Истанбул, во Фенербахче?

Хуан Мета се сели во Истанбул, во Фенербахче?
Dik 300x250 mk

Шпанскиот фудбалски интернационалец, Хуан Мата би можел ова лето да го напушти Манчестер Јунајтед и кариерата да ја продолжи во редовите на турски Фенербахче, пренесуваат британските медиуми.

Шпанецот сезонава има скромна минутажа затоа што менаџерот Оле Гунар Солскјер го форсира средниот ред кој дава резултати, а таму главни се Пол Погба и Бруно Фернандеш.

Медиумите на Островот истакнуваат дека заминувањето на Мата од „Олд Трафорд“ се поклопува со политиката на клубот кој сака да се ослободи од скапо платените фудбалери кои не се вклопуваат во физолофијата на тренерот.

Мата во Јунајтед дојде во јануари 2014 од редовите на Челси, одигра за „ѓаволите“ 252 меча и постигна 48 гола.

Пред да дојде во Англија, тој 4 години настапуваше за екипата на Валенсија.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Лос Анџелес Доџерс ја одбранија титулата

Салах го постигна 250. гол за Ливерпул и им се придружи на Раш и Хант

УЕФА пред тужба за повреда на авторски права на новиот концепт на Лигата на шампиони