Скопје, 21 април 2020
Хрватски Форум и Македонско Хрватско Друштво – Тетово го поздравуваат новиот бран на проширување на програмската понуда на Јавниот радиодифузен сервис – МРТ, којшто вклучи и отворање на нов канал МРТ 4 посветен на етничките заедници и документарна програма.
Со ваквата структурна промена, додека досешниот канал наменет за заедниците – МРТ 2 ќе емитува целосна програма на албански јазик, новиот канал МРТ 4 кој е наменет за останатите заедници, а имајќи ги предвид обврските од меѓународните договори и домашното законодавство, остава сериозен простор за исполнување на должностите на јавниот сервис спрема останатите етнички заедници.
Во насока на развивање и планирање на програмска шема во интерес на целокупната јавност, притоа водејќи сметка за специфичните општествени групи, искрено веруваме дека новиот канал ќе овозможи и програма на хрватски јазик и доследно ќе ја примени законската обврска за известување и правична застапеност, со што и досега непретставените заедници ќе имаат можност за програма на својот јазик.
Убедени сме дека ако ништо друго, само архивскиот материјал со кој располага МРТ а со кој е опфатено хрватското малцинство, култура и јазик, во комбинација со дополнителен труд може да доведе до квалитетна содржина на хрватски јазик, па дури и документарна.
Во интерес на доследно спроведување на законските обврски спрема етничките заедници, ХФ и МХД Тетово ги ставаат своите ресурси на располагање на новиот канал во насока на правична застапеност на сите етнички заедници и промовирањето на културен дијалог и толеранција.
Младинска иницијатива Хрватски Форум
Македонско – Хрватско Друштво Тетово
Македонско Хрватско Друштво огранок Гостивар
Македонско Хрватско Друштво огранок Штип
Македонско Хрватско Друштво огранок Кичево
Македонско Хрватско Друштво огранок Струмица
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.