Утрински Весник
Свет

Хрватски епидемиолог: Планирано е вакцинирање на целото население

Хрватски епидемиолог: Планирано е вакцинирање на целото население

Д-р Бернард Каиќ од Хрватскиот институт за јавно здравје во Студио 4 на ХРТ рече дека вакцината ќе пристигне во четири квартални испораки и дека со секоја испорака ќе се зголемува количината на вакцината, а направен е и план за нејзина дистрибуција.

„Приоритетни групи во првата фаза се корисниците на домови за стари лица, вработените во тие домови и здравствените работници“, рече тој.

Тој додаде дека во следните фази ќе се вакцинираат постари лица кои не се во домови и лица со хронични заболувања.

„Планирано е вакцинирање на целото население. Најпрво одат ризичните групи, потоа целото население “, рече тој.

Што се однесува до најмладите, тие не се приоритет, додаде тој, и досега не е регистрирана вакцина за деца – сите производители направиле клиничко истражување на лица на возраст од 18 години и повеќе.

Каиќ верува дека по четвртата фаза од студијата, во текот на 2021 година, вакцинацијата може да се прошири и на помладата популација. Очекува вакцините од сите производители да добијат одобрување во текот на јануари и февруари.

„Сега ќе имаме доволно вакцини за да вакцинираме околу 85 % од возрасната популација“, додаде тој.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk