Утрински Весник
Свет

Хрватска му забрани на Вучиќ да го посети Јасеновац

Хрватските власти му забранија на српскиот претседател Александар Вучиќ приватна посета на Јасеновац.

dobivaj vesti na viber

На Вучиќ му е забрането да положува цвеќе за жртвите од Јасеновац, пренесуваат српските медиуми.

Во логорот Јасеновац, според извештаите на независните комисии, биле убиени 700.000 Срби, Евреи и Роми, а логорот бил место на масовно страдање на жени и деца.

Како што пренеусваат пак хрватските медиуми, Владата во Загреб дознала дека Вучиќ планирал приватно да го посети Јасеновац и да предизвика хаос, без да ги почитува протоколите и заобиколувајќи ги сите правила на дипломатските односи.

„ Едноставно сакаше да направи хаос пред годишнината од „Олуја“, но ние во Владата јасно кажавме дека тоа не доаѓа предвид“, рекле извори од хрватската Влада за „Јутарњи лист“.

Можете да прочитате

Орбан: Украина ќе биде поделена меѓу Русија и Западот

Трамп најави средби со европски лидери за Украина и нов разговор со Путин

Во Франција, контролорите на летање ќе бидат биометриски регистрирани на работното место