Утрински Весник
Свет

Хрватска забрани летови од Велика Британија поради новиот коронавирус

Хрватска забрани летови од Велика Британија поради новиот коронавирус

Хрватска им се приклучи на европските земји кои ги прекинаа воздушните врски со Велика Британија поради новиот вид на коронавирус, кој рапидно се шири низ земјата.

„Хрватска, како мерка на претпазливост, привремено ќе го прекине воздушниот сообраќај на патниците од Велика Британија за 48 часа се додека не бидат специфицирани информации за евентуален нов вид на вирус“, објави премиерот Андреј Пленковиќ на Твитер. „Приоритет е да се заштити здравјето на граѓаните“, додаде тој.

Слични мерки беа воведени претходно од Франција, Ирска, Германија, Австрија, Бугарија, Холандија и Италија.
Забраната може да ја воведе целата Европска Унија, бидејќи во тек се консултации за заеднички одговор на поморските, железничките и патните врски со Велика Британија.

Емануел Макрон, Ангела Меркел, Урсула Фон дер Лајен и Чарлс Мишел разговараа на оваа тема. Британската влада одлучи да воведе строги мерки за Лондон и југо-истокот на Англија, погодувајќи ги со тоа плановите за Божиќни собири во обид да се спречи ширењето на инфекцијата за која се вели дека е нов вид на коронавирус.

Надвор од Велика Британија, неколку случаи се пријавени во Данска (9) и по еден во Холандија и Австралија, објави Светската здравствена организација (СЗО). Агенцијата на ООН посочува дека новиот вид, според првите информации, „може да биде заразен“, но дека „нема докази за промена на тежината на болеста“, иако ова сè уште се истражува. СЗО ќе обезбеди повеќе информации веднаш штом има „појасна слика за карактеристиките на новиот вид“, рече портпарол на СЗО за Европа.

„Низ Европа, каде што вирусот брзо се шири, земјите треба да ја засилат контролата и превенцијата“, соопшти агенцијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија врати седум украински деца со посредство на Катар

Ново разрешување од функција на висок претставник во кинеската армија поради истрага за „сериозно кршење дисциплина“

Американска база од 1959 година забележана под 30 метри мраз на Гренланд