Хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ, ги претстави евро монетите.
„Дизајнот на мотивите што ја претставуваат Хрватска ќе се најде на монети од евро и центи во оптек во Хрватска и во 19 други земји членки на еврозоната, а Владата потврди дека мотивите се: хрватската шаховска табла, географска карта на Република Хрватска, куни, ликот на Никола Тесла и писмото глаголица“, рече Пленковиќ.
Заднина ќе биде шаховската табла, а потоа картата на Хрватска за две евра, куни за едно евро, Тесла за 50, 20 и 10 центи и глаголицата на која ќе пишува HR за 5, 2 и 1 цент.
Монета од 2 евра
На монетата од 2 евра ќе има и стих од химната на слободата: О, убава, о мила, о слатка слободо.
Монета од 1 евро
Монети од 50, 20 и 10 центи
Монета од 5, 2 и 1 цент
Монетата ќе важи низ цела Европска Унија
Националниот план за размена на хрватските куни со еврото, усвоен од Владата во декември 2020 година, предвидува избор на мотиви и нивен графички дизајн за националната страна на монетите евра.
За разлика од евро банкнотите, кои се исти кај сите членки на еврозоната, монетата евро и центи носат информации од земјата издавач и ги прикажуваат националните симболи на земјата на задната страна. Кога Хрватска ќе го воведе еврото за својата валута, евро монетите издадени во Хрватска ќе бидат во оптек и ќе важат подеднакво во сите земји од еврозоната.
„Изборот на мотиви затоа е особено важен бидејќи монетите со мотиви кои ја симболизираат Хрватска ќе се користат надвор од нејзините граници. Со оглед на сложеноста на производството на монети, подготвителните активности веќе се започнати.