Утрински Весник
Свет

Хрватската влада најави олеснување на мерките од 1 февруари

Хрватската влада најави олеснување на мерките од 1 февруари

Во изминатите 24 часа во Хрватска се регистрирани 619 нови случаи на инфекција со вирусот САРС-КоВ-2, 30 лица починаа, а владата најавува ублажување на мерките од 1 февруари.

Во Хрватска денес има вкупно 3.173 пациенти со коронавирус, меѓу нив 1.326 пациенти на болничко лекување, од кои 128 пациенти се на апарати за дишење, објави националниот штаб, пренесува Н1.

„Ситуацијата е поволна. Смртноста исто така опаѓа, иако тие бројки доцнат неколку недели. Сето ова вели дека мора да продолжиме да бидеме одговорни. Ова беше дискутирано на Европскиот совет, каде што се укажува на крајна претпазливост“, рече премиерот Андреј Пленковиќ на седницата на Владата.

Тој најави олеснување на мерките од 1 февруари, едниот сегмент се однесува на основните училишта и враќање на повисоките одделенија на клупите, а другиот дозволува поголем број спортски активности, особено оние на воздух.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме