Утрински Весник
Свет

Хрватите најдоцна до декември ќе патуваат во САД без визи

Хрватите најдоцна до декември ќе патуваат во САД без визи

Укинувањето на визите за хрватските граѓани што патуваат во САД е првенствено силна политичка порака, која ќе се прелее во подобри економски односи меѓу двете земји, изјави денеска хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

Во отворениот дел од владината седница Пленковиќ рече дека хрватските граѓани ќе може да патуваат во САД без визи најдоцна до 1 декември.

„Тоа е силен сигнал за партнерство и ново ниво на односи со САД. Тоа е порака дека Хрватска како партнер ги исполнила сите критериуми. Ова е, пред сѐ, важна политичка порака. Ова сигурно ќе се прелее во подобри економски односи меѓу Хрватска и САД“, порача Пленковиќ.

Можете да прочитате

Во 2026 повторно ќе се плаќа такса за посета на Венеција

Русија ќе одговори доколку другите земји ѝ дозволат на Украина да го користи нивниот воздушен простор за напади

Марта Кос ги оцени инцидентите на локалните избори во Србија