Утрински Весник
Спорт

Хоџсон не се грижи за враќање на работа

Кристал Палас предлага нов договор за најстариот менаџер во Премиер лигата

Лондон, 13 мај 2020 (МИА) – Менаџерот на Кристал Палас изјави дека не е загрижен за враќање на работа доколку Премиер лигата дозволи тренинзи од следната недела.

„Немам никакви грижи. Возраста е возраст. Се зависи од тоа како се чувствувате. Возраста понекогаш не е поврзана со вашата физичка состојба, како се чувствувате или колку добро можете да си ја вршите работата. Нема сомнение за мене. Кога ќе ме повикаат на работа, со задоволство ќе се вратам, рече најстариот менаџер во Премиер лигата, кој има 72 години.

Претседателот на Кристал Палас, Стив Париш изјави дека нема проблем ако некој играч не сака да се врати додека не биде целосно безбеден.

– Ќе биде прашање за сите индивидуално и за клубот. Јас би бил многу изненаден познавајќи го клубот и Стив Париш, ако не пристапат со разбирање, рече Хоџсон.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари