Утрински Весник
Економија

Хоџа на средба со претставници од Стопанска комора: Приватниот сектор е силата што ја движи економијата

Хоџа на средба со претставници од Стопанска комора: Приватниот сектор е силата што ја движи економијата

Министерот за земјоделство шумарство, Арјанит Хоџа, заедно со претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, денеска одржа работна средба со претставници на приватниот агросектор и членки на комората, на тема „Актуелни состојби и идни насоки за унапредување на земјоделско-прехранбениот сектор во Република Северна Македонија“.

Од Министерството за земјоделство велат дека заедно со Владата вложуваат силни напори да ги овозможат сите услови за стопанисување, како потврда на свесноста за значењето кое приватниот сектор го има во вкупната економија.

„Приватниот сектор е силата што ја движи економијата. За мене е исклучителна чест да бидам во вакво друштво на агробизнисмени кои го носат домашното производство на храна, бизнисмени кои се заслужни за влезот на девизи во државата, за ставањето во функција на нашите обработливи површини. Стопанственици кои вработуваат, плаќаат даноци, исплаќаат плати и се движечка сила на нашата вкупна економија“, изјави Хоџа на средбата.

Тој упати три клучни пораки. Ги охрабри стопанствениците да инвестираат во домашниот агрокомплекс бидејќи пандемијата покажала дека за секоја држава, за секој граѓанин, најсигурно и најефтино е домашното проозводство, истакнувајќи дека Владата преку сет мерки и програми ќе им помогне во таа мисија преку искористување на средства од ЕУ фондовите и ИПАРД фондовите за модернизирање на производството и добивање на конкурентен производ.

Втората порака е да ангажираат нови луѓе во секторот, да го развиваат договорното производство и кооперантските односи, да освојуват нови пазари и да наоѓаат странски партнери, со поддршка на МЗШВ.

Третата порака која ја упати министерот Хоџа, е во насока на користење на домашна суровина и репроматеријали, со што ќе се иницира развој на домашни фирми, нови вработувања и зголемено домашно земјоделско производство и преработка.

Министерот исто така истакна дека МЗШВ ќе продолжи со директната поддршка преку субвенциите, ИПАРД, преку одговор на сите важни барања, како намалување на ДДВ за месо за преработка, поддршка на извозот на вино или милиони евра преку ИПАРД што ги користат сериозни компании.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Тему достапна и во Македонија, ниски цени и бесплатна достава, квалитетот дискутабилен

Стојаноски: СДС единствено што остави на државата е долг на идни поколенија

Ангеловска-Бежоска во колумна за „Топ 100 извозници”: Извозот на услуги станува сѐ позначаен двигател на економскиот раст