Утрински Весник
Спорт

Хофенхајм го отпушти тренерот Шрејдер

Хофенхајм го отпушти тренерот Шрејдер
Dik 300x250 mk

Синсхајм, 9 јуни 2020 (МИА) – Раководството на германскиот фудбалски прволигаш Хофенхајм го раскина договорот со тренерот Алфред Шредер. Соработката на 47-годишниот Холанѓанец со бундеслигашот требаше да трае до јуни 2022 година, но предвреме заврши.

Хофенхајм го објаснува заминувањето на Шредер со тоа што страните не се согласија за понатамошен развој на клубот.

Тренерот го презема тимот пред почетокот на оваа сезона. По 30 кола, Хофенхајм е на солидното 7. место во Бундеслигата. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен