Утрински Весник
Спорт

Хорхе Меси: Ништо не знам

Хорхе Меси: Ништо не знам

Таткото на Лионел Меси претпладнево пристигнал во Барселона каде треба да разговара со челниците на клубот околу судбината на својот син. Лионел Меси бара Барселона да му го раскине договорот, одлучен е во својата намера поради што несе појави на почетокот на подготовките.

Хорхе Меси, кој воедно е и менаџер на најдобриот светски фудбалер, на аеродромот би пречекан од голем број на новинари, а до автомобилот успеал да стигне со помош на обезбедувањето.

Тој во текот на денот треба да се сретне со претседателот на Барселона Џозеп Марија Бартомеу.

Хорхе Меси немал конкретен одговор на прашањето дали неговиот син ќе остане во Барселона. На новинарите само им рекол дека „не знае ништо“.

Меси бара од клубот да го пушти без обесштетување, додека Барселона тврди дека тој е под договор и дека може да замине само доколку биде исплатена откупната клаузула од 700.000.000 евра.

> Хорхе Меси: Ништо не знам <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига