Утрински Весник
Спорт

Хорфорд и Меколум донираа 670.000 долари за најзагрозените од Ковид-19

Хорфорд и Меколум донираа 670.000 долари за најзагрозените од Ковид-19

Филаделфија, 2 април 2020 (МИА) – Ал Хорфорд кој моментно е член на Филаделфија, донираше 500.000 долари за неговата родна Доминиканска Република, но и за сите делови во САД во кој настапуваше во досегашната кариера – Филаделфија, Атланта и Бостон.

Си Џеј Меколум, 28-годишниот бек на Портланд донира 170.000 долари за локалните заедници во Портланд, сојузна држава Орегон, и родниот Кентон во Охајо. Со средствата ќе бидат приготвени 400.000 оброци за семејства во тие градови. сѓд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026