Утрински Весник
Спорт

Хорор на Либертадорес – фудбалер имаше епилептички напад по случаен фаул!

Хорор на Либертадорес – фудбалер имаше епилептички напад по случаен фаул!

Виктор Салазар, аргентинскиот дефанзивец на парагвајскиот клуб Олимпија ќе помине неколку дена во болница откако по еден необичен фаул во четврт-финалето на Копа Либертадорес, добил епилептички напад.

Во 22. минута од мечот помеѓу Олимпија и бразилскиот Фламенго, тој беше удрен во главата од Гиоргиа де Араскаета во еден дуел за топка, по што беше изнесен од стадионот во амбулантно возило додека околу него беа соиграчите.

Од клубот објавија дека тој ќе биде под долгорочна медицинска помош, за да се утврдат причините за нападите. Олимпија го загуби мечот со 4:1.

> Хорор на Либертадорес – фудбалер имаше епилептички напад по случаен фаул! <

Можете да прочитате

Скандал го тресе чешкиот фудбал – Масовни апсења

УЕФА го отфрли барањето на клубовите од Премиер лигата за проширување на составите за ЛШ

ФИФА откажа 2.000 хотелски резервации за СП 2026 година во Филаделфија