Хонгконг ќе им понуди на своите граѓани бесплатно универзално тестирање од 1 септември.Програмата за тестирање, која ќе трае две недели, е на доброволна основа.
Лидерката на Хонгконг, Кери Лам, рече дека универзалното тестирање е овозможено благодарение на поддршката од Пекинг, која обезбеди ресурси како што е лабораторискиот персонал за зајакнување на капацитетот на полуавтономниот град.
Програмата има за цел да открие лица кои се заразени, но немаат симптоми. Градот со 7,5 милиони жители досега спровел повеќе од 1,2 милиони тестови.
Критичарите на универзално тестирање тврдат дека може да има потенцијални проблеми со нарушување на приватноста, со оглед дека програмата е поддржана од кинеската Комунистичка партија. Лам ги отфрли критиките, велејќи дека без оглед на тоа што прави владата, секогаш ќе има луѓе што изнесуваат теории на заговор, пренесува Асошиејтед Прес.