Утрински Весник
Магазин

Холивуд ја поддржува Украина

Холивуд ја поддржува Украина
Dik 300x250 mk

Холивудските актери ѝ оддадоа почит на Украина во текот на доделувањето на наградите на Здружението на филмски актери (САГ) во неделата вечерта, притоа истакнувајќи ги корените на претседателот Володимир Зеленски во забавната индустрија.

„Претседателот на Украина е поранешен комичар“, рече актерот Брајан Кокс при примањето на наградата. „Тој беше прекрасен комичар и ние треба да го почитуваме тоа, и навистина е неверојатно што дојде на претседателска функција“.

Актерката Џесика Честејн во својот говор рече: „Моето срце е со оние кои се борат за својата безбедност и својата слобода“, додека ТВ водителката Грета Ли прошета по црвениот тепих во сино-жолт фустан, боите на украинското знаме.

Лејди Гага, Мајкл Даглс, Ендру Гарфилд беа меѓу ѕвездите кои изразија поддршка за Украина.

Можете да прочитате

Нела Манческа со песната „Miracle“ ќе ја претставува Македонија на Јуниорскиот Евросонг 2025

Не им стигнуваат астрономски сметки: Како Швеѓаните ги загреваат своите домови за време на студените зими

Четири вида храна кои придонесуваат за собирање на масни наслаги околу стомакот