Утрински Весник
Спорт

Холанд со неверојатно достигнување во текот на сезоната

Холанд прв фудбалер во историјата со осум погодоци на своите први четири натпревари за бундеслигашки клуб

Дортмунд, 17 мај 2020 (МИА) – Со вчерашниот гол против Шалке 04, напаѓачот на Борусија (Дортмунд), Ерлинг Холанд веќе има 10 во Бундеслигата.

Така, младиот Норвежанец веќе има по најмалку 10 гола на три различни турнири оваа сезона. Уште поимпресивен е фактот дека во два од нив – Лигата на шампионите и германскиот шампионат, тој ги постигна на помалку од 10 натпревари.

Холанд ја започна кампањата во Ред Бул Салцбург, каде постигна 16 гола на 14 натпревари во австриската елита. Тој настапи неверојатно со тимот и во Лигата на шампиони, што многу помогна за неговиот трансфер во Дортмунд. На овој турнир, Холанд постигна 10 гола на само 8 натпревари. Осум од головите беа за „биковите“, а другите 2 – за „жолто-црните“.

Откако пристигна во Германија во зима, 19-годишниот играч има одиграно 9 натпревари во Бундеслигата, постигнувајќи 10 гола.

До крајот на сезоната има уште кола во првенството, па така тој може да ја зголеми својата гол сметка.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Данска противник на македонската репрезентација во полуфиналето на плејофот за СП 2026

Во Цирих ќе бидат извлечени двојките за плејофот за СП 2026

Почнува кампања против дискриминација во фудбалот