Утрински Весник
Спорт

Холанд нема да игра против Падеборн поради повреда

Холанд нема да игра против Падеборн поради повреда

Дортмунд, 29 мај 2020 (МИА) – Тренерот на Борусија Дортмунд, Лусијан Фавре соопшти дека напаѓачот на тимот, Ерлин Холанд, нема да игра на натпреварот во Бундеслигата во 30. коло против Падеборн, поради повредата здобиена во претходното коло на дербито со Баерн (0:1).

Исто така, фудбалскиот стручњак рече дека играчот од средниот ред Махмуд Дауд поради повреда ќе го пропушти остатокот од сезоната.

-За жал, по натпреварот со Баерн, откривме дека Дауд повеќе нема да игра оваа сезона. Ерлинх Холанд нема да може да игра против Падеборн, информира Фавр. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина