Утрински Весник
Свет

Холандија испраќа снајпери во Украина

Холандија испраќа снајпери во Украина

Владата на Холандија соопшти дека во Украина ќе испрати 100 снајперски пушки и муниција, радарска опрема и детектори за мини.

„Воена помош ќе биде испратена на барање на украинската влада“, изјави холандскиот министер за надворешни работи Вопке Хоекстра.

Хоекстра рече дека холандската влада се уште смета на дипломатскo решавање на украинската криза со Русија, но оти мора да ги поддржи украинските вооружени сили во овој тензичен момент.

„Украина мора да биде способна да се одбрани на нејзина почва од можен руски вооружен напад“, се вели во соопштението.

Воената помош вклучува и борбени шлемови и панцири. Холандија соопшти дека нема да испрати свои војници во Украина.

Можете да прочитате

Шпанија забрани употреба на социјални мрежи за деца под 16 години

Генералниот секретар на НАТО уверен дека ќе се соберат 15,5 милијарди долари за Украина

Во Полска приведен наводен руски шпион