Утрински Весник
Свет

Холандија во среда ќе започне со вакцинирање против ковид, последна во ЕУ

Холандија во среда ќе започне со вакцинирање против ковид, последна во ЕУ

Холандија одлучи дека вакцинирањето против Ковид-19 ќе започне во среда, два дена порано од планираното, соопшти владата на Холандија, која е последна во Европската Унија што започна со кампања за вакцинација.

Персоналот на болниците кој е во контакт со пациентите со Ковид-19 ќе биде првиот што ќе се вакцинира, заедно со вработените во домовите за пензионери на југот на земјата, објавија здравствените власти.

Почетокот на вакцинацијата против Ковид-19 е поместен два дена порано во однос на 8 јануари, како што беше најавено, соопшти Министерството за здравство.

Од почетокот на вакцинацијата во Европа на 27 декември, некои земји беа цел на остри критики за бавното темпо на вакцинација, особено Франција.

Во првата недела од кампањата за вакцинација, која се фокусираше на домови за стари лица, Франција вакцинираше 516 лица.

Но, Холандија доцни уште повеќе: првите вакцинации се закажани скоро две недели по почетокот на вакцинацијата во ЕУ и скоро еден месец по почетокот на кампањата во Велика Британија.

Министерот за здравство Хуго де Јонг во парламентот ќе ги презентира причините за ваквото одложување. Властите досега ги наведуваа логистичките тешкотии и потребата државните органи да ја одобрат вакцината.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници