Утрински Весник
Свет

Холандија воведе најстроги мерки: Се затвораат продавниците, училиштата, ресторантите

Холандија воведе најстроги мерки: Се затвораат продавниците, училиштата, ресторантите

Холандија воведува божикен карантин поради загриженоста за ширење на омикрон.

Сите продавници освен оние за основни намирници, училиштата, баровите, рестораните и другите јавни места ќе бидат затворени најмалку до средината на јануари. Премиерот Марк Руте рече дека ограничувањата се неизбежни.

Ова се најстрогите мерки што една земја ги воведе досега поради омикрон.

И другите држави низ Европа ги заоструваат мерките поради брзото ширење на новата варијанта.

Новите правила во Холандија, кои стапуваат на сила од утре, беа објавени по средбата меѓу владата и здравствените експерти.

Холандскиот национален институт за јавно здравје објави повеќе од 2,9 милиони случаи на коронавирус од почетокот на пандемијата и повеќе од 20.000 смртни случаи.

Можете да прочитате

Зеленски го одби предлогот на Путин за повлекување од Донбас, и покрај поддршката од Трамп

Путин го сака цел Донбас во замена за мир

Русија прогласи дипломатски успех по разговорите во Алјаска