Утрински Весник
Магазин

Хоакин Феникс и неговата свршеница првпат проговорија за нивниот син

Хоакин Феникс и неговата свршеница првпат проговорија за нивниот син

Хоакин Феникс и Руни Мара конечно потврдија дека имаа син откако пред два месеца тивко го пречекаа неговото доаѓање на свет.

Двојката го спомна синот за првпат во изјава за „Пипл“ кога коментираа за 545 деца кои допрва треба да се обединат со своите родители откако биле разделени на границата меѓу САД и Мексико.

Хоакин (46) и неговата свршеница Руни (35) ја нарекоа „неподнослива“ помислата да се одделат од сопственото дете, додавајќи дека треба да му одговорат кога ќе стане љубопитен за оваа тема подоцна во животот.

„Како нови родители, неподносливо е да се замисли како би се чувствувало нашето дете да ни го одземат еден ден, а не пак со години“, вели двојката во писмена изјава за „Пипл“.

„Но, тоа е ситуација која ја преживуваат овие 545 деца и нивните родители. Како Американци, наша одговорност е да продолжиме да обрнуваме внимание на маките на овие семејства и да добиваме одговори зошто сè уште не се лоцирани.“

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Копаоник во зимска бајка – снег, скијачи и радост за сите

Автомобилскиот екран на допир може да биде поопасен од телефонот

Австралиски плажи затворени по три напади од ајкули за два дена