Утрински Весник
Магазин

Хоакин Феникс добил син пред еден месец

Оскаровецот и ѕвездата на „Џокер“ Хоакин Феникс и неговата свршеница, актерката Руни Мара, наводно, пред еден месец го дочекале нивното прво дете, машко бебе кого го крстиле по покојниот брат на Феникс, Ривер.

Режисерот Виктор Косаковски веста ја откри на филмскиот фестивал во Цирих по проекцијата на филмот „Гунда“, на кој Хоакин е извршен продуцент.

Косаковски ја спомна убавата вест во емисијата Q&A („Прашања и одговори“) изминатиов викенд, откако го прашаа како го инволвирал новиот татко во филмот. „Патем, тој доби бебе … убав син Ривер“.

45-годишниот оскаровец и неговата 35-годишна свршеница не го објавија раѓањето на нивното прво дете и никогаш не ја потврдија бременоста.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Зошто јануари важи за „месец на разводи“ и што навистина се крие зад новите почетоци

Традиционално дефиле под маски на Вевчанскиот карневал 

Вечер е Стара нова година, а утре Обрезание Господово и Василица